Деловни објекти

Систем за „паметно живеење“ и работење

Иновативната и целосна автоматизација со ABB-free@home системот,  нуди и бесконечен број на можности во  деловни простории и тоа прилагодени според разни концепти и преференции. 

Системот составен од ABB уреди, АВВ сензори, апликација, како и нивно поврзување и подесување во една единствена апликација, може да биде инсталиран во административни згради, производствени погони, болници, училишта, автобуски и железнички станици, паркови итн. 

Едноставно, се автоматизира тоа што се сака, со цел да се заштеди електрична енергија и да се обезбеди целосна контрола врз уредите, движењата, и различните ситуации кои произлегуваат од работењето на институцијата/организацијата или компанијата. 

 

 

 1. Согласно потребите на деловниот објект, ние нудиме предлог решение со потребните уреди, сензори, приклучоци и контролери. 

2. Воедно, правиме целосна конфигурација на апликацијата согласно тоа што ќе се автоматизира. Во овие активности влегува и одржување на системот, и обука за прилагодување на активностите во системот доколку клиентот има потреба од тоа.  

3. Системот овозможува користење од различни корисници и тоа со подесување на различни преференции, дозволи или ситуации кои ќе бидат автоматизирани. Исто така, може да се подеси и кој корисник кој дел од системот ќе го контролира и следи.