Станбени објекти

Систем за „паметно живеење“ и работење

Едноставно паметно. Решението ABB-free@home ја трансформира куќата или станот во интелигентен дом. Без разлика дали работи за ролетни, светла, греење, климатизација, комуникација со врата или сцени за гледање на филм, сцена за вечера со семејството итн.- се чувствувате пријатно, безбедно и целосно дигитализирано.

Лесно се управува далечински преку екран инсталиран на ѕидот, со лаптоп или со мобилен телефон. Системот овозможува многу погодно, исклучително удобно живеење, а секако и дом кој е многу енергетски ефикасен. Системот има минимални трошоци во споредба со конвенционалните електрични инсталации.

Заштедата на електрична енергија се движи од 20 до 40% од Вашите сметки за електрична енергија. 

Решението може да се инсталира во згради во градба, нови згради, или пак во веќе изградени и опремени домови со прилагодување на традиционалната инсталација со смарт инсталација. 

1. Од нас добивате, комплетни решенија и предлози за „паметно“ управување на Вашиот дом. 

2. По избор добивате целосна инсталација или поддршка за инсталација на уредите.

3. Целосна конфигурација на апликацијата.

4. А, ќе бидете и целосно обучени самостојно да ги прилагодувате уредите и нивната автоматизација според најразлични ситуации и потреби.